Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
Потрагата по двегодишното девојче Данка Илиќ од околината на Бор се уште трае. Денеска два специјалистички тимови со кучиња спасувачи обучени и тренирани да бараат и спасуваат луѓе од урнатините и на отворено започнаа со детално пребарување на просторот околу куќата, пред која исчезна девојчето.
Вчера земјиштето околу куќата на исчезнатото девојче беше расчистено со багер за да се провери дали има докази под гранките кои би помогнале во потрагата.
Во близина на Хаџиќи во Босна и Херцеговина се уапсени три лица кои тврдеа дека имаат информации за исчезната Данка, за што барале пари, но во полицијата изјавиле дека „само се шегувале“.
Двегодишната Данка е пријавена за исчезната од нејзината мајка во вторникот. Оттогаш трае потрагата во кој се вклучени стотици припадници на полицијата, жандармеријата, добровилци.
Беа ангажирани и беспилотни летала, со термални камери, како и хеликоптери.
Иако полицијата во средата соопшти дека потрагата на терен се прекинува, бидејќи сè укажува дека девојчето не е во областа од која исчезна, полициските сили и спасувачките екипи се сеуште на терен. Во тек е интензивна оперативна работа.
Директорот на Центарот за исчезнати и малтретирани деца Игор Јуриќ изјави дека во случајот со исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ сомнителни се сите околности кои довеле до ова исчезнување, како и контрадикторните изјави на луѓе блиски до девојчето, бидејќи на почетокот беше тешко да се поверува дека двегодишното девојче може да оди толку далеку што ниту полицијата која многу брзо дојде на местото на настанот не можеше да ја најде.
-Сега, со оглед на времето, единствената надеж што ја гледам е дека некој може да се јави со барање за откуп, тоа можеби да е некаква можност да го видиме ова мало девојче живо и некое евентуално чудо. Верувам во чуда, имам и имам надеж, но стравот е и кај мене и то се зголемува како и кај голем број граѓани, оцени Јуриќ.
Според медиумите клучна работа во потрагата ќе биде полиграфот на такото на девојчето, додека мајката неможе да оди на полиграф оти е бремена.
Во Бањско поле синоќа, како и денеска е министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ.
Ново на Сител
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
Владата објави дека наследиле рекорден број арбитражни постапки
-
Преглед на вестите од светот
-
ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население
-
Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-
Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума
-
Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-
Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра