Се уредуваат пешачки улици во Пехчево
Започна уредувањето со бекатон плочки на шест пешачки улици во Пехчево. Градоначалникот Игор Поповски истакна ќе се уредуваат вкупно 14 вакви улици, претежно наменети за пешаци.
- Ние набавивме околу три илјади бекатон плочки кои ќе ги намениме за уредување на сите мали улички во Пехчево. Стартуваме со уредување на шест улички во новата населба во Пехчево, каде работите треба да завршат за еден месец. Потоа во текот на годината, ќе продолжиме со уредување на уште осум улички, истакна Поповски.
Тој додаде дека уредувањето на овие пешачки улички е со средства во висина од три милиони денари обезбедени од буџетот на Општината.
- На овој начин ние ќе го решиме долгогодишниот проблем на жителите кои зимно време газеа кал, а летно се давеа во прашина. Така што и како пешачки зони ќе ги уредиме и ќе придонесеме за поголема безбедност на пешаците, рече Поповски.
Инаку, според Општината, од вкупната улична мрежа во Пехчево остануваат уште 15 проценти неасфалтирани улици. Инфраструктурата како проблем за решавање беше одбран како приоритет од граѓаните и на буџетските форуми на заедницата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари