Се собираат податоци за новиот уличен и адресен регистар во Кисела Вода
Општина Кисела Вода информира дека новиот уличен и адресен регистар, ќе овозможи реализацијата на пилот проектот кој се спроведува во оваа локална самоуправа. Во моментов се врши теренско собирање на адресните податоци кои ќе се складираат во централна база на податоци на стандардизиран начин и дефинирани правила за пристап.
Носител на пилот-проектот е Агенцијата за катастар на недвижности, а покрај општина Кисела Вода, во него се опфатени и општините Зелениково, Свети Николе и Општина Гостивар.
Во просториите на општина Кисела Вода се одржал состанок на кој, како што се наведува, се допрецизирале недореченостите во однос на теренската работа за собирањето на податоци. На состанокот присуствувале референтите од месните и урбаните заедници кои се дел од Секторот за месна самоуправа и за соработка со невладиниот сектор, како и претставници од Агенцијата за катастар на недвижности.
Претставниците на Катастарот информирале дека графичкиот регистар на улици и куќни броеви, како дел од Адресниот регистар на Република Македонија, ќе содржи просторни и описни податоци за улиците и куќните броеви, просторни податоци за линијата на опфат врз основа на која се определува припадноста на куќниот број спрема улицата.
- Врз основа на воспоставениот Адресен регистар за населеното место ќе се направи нумерирање и обележување на утврдените адреси кои недостасуваат на терен, соопшти општина Кисела Вода.
Од Агенцијата за катастар на недвижности веќе се почнати активности за надградба на електронскиот катастар со модул за адресни податоци, кој освен атрибутните податоци за адресите, вклучува и графички приказ на улиците и куќни броеви.
- Модулот за адресни податоци ќе овозможи поврзаност на адресите од Адресниот регистар со графичките податоци од катастарските планови и податоците за адреси евидентирани во имотните листови. Промената на адресните податоци во Адресниот Регистар ќе биде директно спроведена во катастарот на недвижности, информира општина Кисела Вода.
Ново на Сител
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во кочанската дискотека
-
Кочани повод за втора интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Апелационен суд Штип: Бектеши останува во притвор
-
Кос: Македонија е тажна приказна на Балканот која предолго чека влез во ЕУ
-
Семејствата на настраданите во Кочани на протест пред јавното обвинителство во Скопје
-
Пратениците расправаат за интерпелација на министерот Тошковски
-
Николоски: Предвремени избори нема да има
-
СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски лично се јавувал за неговиот брат да не биде казнет?