Се скарал со судијкатa: Боки 13 со полиција изнесен од судница
Обвинетиот Бојан Јовановски- Боки 13 денеска со полиција беше изнесен од судница, поради караница помеѓу него и судијката за време на рочиштето за „Меѓународен сојуз“.
Јовановски сакал да објасни дека недостасуваат материјали од неговиот телефон, кој го вештачеше МВР и дека не е виновен што тие не се презентирани, бидејќи форензичкото вештачење го добил летото, но судијката Софче Гаврилова Ефромова го прекинуваше неколкупати.
Токму поради тоа и поради, како што кажа Јовановски, постојана цензура од страна на судијката, тој побара нејзино изземање од случајот од страна на в.д. претседателот Иван Џолев, иако смета дека тој е корумпиран и не му верува баш.
Караницата ескалираше кога Јовановски посочи дека бил во пријателски односи со блиска роднина на судијата, по што Гаврилова-Ефремова нареди интервенција на затворската полиција.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ утврди кандидати за градоначалници за претстојните локални избори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка
-
Претседателката: Не е проблем да разговарам со премиерот Жељасков
-
Правда финализираше пет закони од Реформската агеда
-
СЗДСМ - или современи помагала или лицата со дијабет ќе излезат на протест