Се самоуби познат адвокат во својот стан

Познатиот белградски адвокат Марко Кастратовиќ (43) се самоуби утрово во станот во кој живеел на Врачар.
Неофицијално покојниот Кастртовиќ го пронашол неговиот пријател утроло пред 10 часот кога влегол во неговиот стан.
-Марко живееше сам. Полицијата и брзата помош брзо стигнаа во станот, но му немаше помош. Покрај телото е пронајден пиштол, а во станот ниту на телото немало сомнителни траги па се верува дека станува збор за амоубиство, вели извор од истрагата.
Телото е испратено на обдукција.
Марко Кастратовиќ беше син на угледниот адвокат Страхиња Кастратовиќ. Заедно со татко му го застапуваа покојниот доктор Ненад Боројевиќ, некогашен директор на Институтот за онкологија на Србија кој беше обвинет за алоупотреба на положбата.
Минатата година Марко Кастратовиќ беше мета на непознати напаѓачи кои го пресретнаа на Врачар, го избодеа со нож и му одзедоа торбичка со пари.
Ново на Сител
-

Катерина Зајковска предложена за член на Антикорупциска
-

Нова национална стратегија за бездомните кучиња
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски од Брисел: Проширувањето е империтив и за ЕУ и за Западен Балкан
-

СДСМ: Мицкоски им ја краде иднината на младите, затоа се иселуваат од Македонија
-

Шест нови мерни станици за следење на квалитетот на воздухот во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
