Се разведе ќерката на Путин- ова е едно од ретките нејзини интервјуа
Ќерката на рускиот претседател Владимир Путин, Екатерина Тихонова, неодамана гостуваше на една телевизија, само неколку дена по потврдата за разводот од човекот кој го нарекуваат “најмладиот руски милијардер”.
Катерина Тихонова, “рокенрол акробатска ѕвезда”, како што често ја нарекуваат, ретко се појавува во јавноста и дава интервјуа.
Руските медимуи пренесоа дека се разведува од тајкунот Кирил Шамалов (36). Во меѓувреме се појавија и гласините дека тој повторно се оженил со поранешната љубов Жана Волкова.
Шамалов е еден од тајкуните кои добија санкции од Западот. Тој одбива да го коментира својот приватен живот.
Не е познато зошто неговиот брак со Екатерина не успеа. Тие се венчаа во 2013 година во тајност. Шамалов како подарок на Катерина ѝ даде акции во неколку фирми, вредни стотина милиони долари.
Во ова ретко телевизиско интервју, Тихонова говореше за научни истражувања и е претставена како заменик-директор на Институтот за математичко истражување на комплексни системи на Московскиот државен универзитет и шеф на истражувачката компанија “Инопрактик”.
Ново на Сител
-
Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Превирања помеѓу народот и црквата
-
Заврши истрагата за 46 осомничени за пожарот во “Пулс”
-
Евалуацијата на повредените во “Пулс” ќе заврши до крајот неделата – досега прегледани 140 пациенти
-
Бугарија со нова резолуција за Македонија- македонците партии лобираат кај сестринските партии
-
Дали Македонија ќе стане една изборна единица? Независните бараат кандидатура со 50 потписи
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе се знаат сите кандидати за градоначалници