Се разбудив во локва крв: Шокантна исповед на манекенка на која имплантите и експлодираа на спиење
Даниел Лојд призна дека некогаш била опседната со естетски зафати за да си ја подигне самодовербата. Но една кобна ноќ се се промени.
Даниел Лојд, поранешна Мис на Англија, која во 2006 година е прогласена за најубава жена во Велика Британија, во интевју за Би Би Си проговори за темната страна на славата.
Манекенката призна дека во младоста под товарот на популарноста станала несигурна и опседната со изгледот, а со естетски операции сакала да си ја зголеми самодовербата.
Призна дека, откако си ги зголемила градите, еден имплант за малку ќе го платела со живот.
- Едно утро се разбудив во локва крв. Имплантот во текот на ноќта само „експлодирал“. Завршив во болница и бев на работ на смрт. Изгубив три ипол литри крв, а возрасен човек во телото има меѓу 4 и шест литри. Преживеав благодарение на трансфузија, раскажа Даниел.
Ново на Сител
-
Нов дефект во РЕК Битола - ЕСМ се сомнева во саботажа
-
Три лица на скопските клиники, по вчерашната улична пресметка со нож во Чаир
-
Новиот министер за здравство има идеи за сообраќајниот хаос на Клинички, за кратко време и решение
-
Завршни зборови на обвинетите
-
Бјере: Сега е моментумот за проширување
-
Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар
-
Осцилациите на езерото штетни
-
Преглед на вестите од светот