Се расчистуваат каналите и водите во кочанско за новата наводнителна сезона
Водостопанство на Македонија, Подружница „Брегалница“ од Кочани започна со чистењето на земјените канали и вади преку кои водата се дистрибуира до полињата со цел да се обезбеди квалитетна наводнителна сезона, согласно планот за наводнување во 2017 година.
- За годинава се планира да бидат исчистени 50 километри канали за наводнување во атарите на неколку полиња во Кочанско. За прв пат после толку години од работењето на Водостопанство „Брегалница“ се започна со чистењето и подготовката на каналската мрежа во месец февруари. Ова значи дека оваа наводнителна сезона ќе биде доста успешна, изјави Николчо Гоцев, директор на кочанскато водостопанско претпријатие.
Почетокот на наводнителната сезона, истакнува Гоцев, е закажан за 15 април, до кога се очекува основната и деталната каналска мрежа да бидат целосно ставени во функција, иако многу нешта ќе зависат и од временските услови.
Според планот за сеидба годинава под ориз ќе се насеат 5.000 хектари, што е за околу 700 хектари повеќе од лани. Состојбата со акумулираните количества вода е оптимална за овој период од годината, а се очекува дека до почетокот на наводителната сезона, вештачките езера Калиманци, Ратево и Градче ќе бидат со максимален капацитет.
Ново на Сител
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Дигитална трансформација на јавните комунални претпријатија
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Агелер: Нема репреговарање на Договорот од Преспа и напредокот кон ЕУ
-
Детектор: Македонските граѓани сакаат членство во ЕУ, но не по цена на Бугари во Уставот
-
Бугарија задоволна од пописот во Албанија, Грција бара почитување на малцинствата