Се работи на оспособување на поплавениот пат Градско – Прилеп
Интензивно се работи на воспоставувањето на сообраќајот по поројните дождови со наноси кои од рано изутрината, повеќе од осум часа го прекинаа сообраќајот на патот Градско – Прилеп кај Фаришката клисура.
На теренот се екипите и механизацијата на компанијата „Синохидро“ за да се расчисти уништениот дел.
Како што објаснуваат од ЈП за државни патишта поплавена е девијацијата на патот Градско – Прилеп во делот каде се изведуваат градежните работи кај Фаришката клисура каде „Синохидро“ изведува градежни работи на експресниот пат, односно каде се пробиваат тунелите.
Сега со багери се пробива делот од стариот пат што беше затрупан за да се воспостави сообраќајот. Колоните возила чекаат да се оспособи патниот правец. Возачот на камион со приколка Љупчо Талевски од Битола вели дека од 6 часот изутрината чека да се оспособи патот.
– Од 6 часот изутрината чекаме. Водата и наносите од поројните дождови си го направија своето. таа си има свој пат, а тоа што го правеле како привремено решение не е со доволен испуст на вода. И сега чекаме да се оспособи, вели Талевски.
Најавите од ЈП за државни патишта се дека попладнево ќе биде оспособен патот.
Ново на Сител
-
Судењето за случајот „Штекли“ одложено за 9 октомври
-
77-годишна жена од Скопје измамена за 180.000 денари од лажно полициско лице
-
Девет лица загинаа во Одеса откако обилните дождови предизвикаа поплави
-
23-годишен Тетовец со „бмв“ на германски таблички возел 221 на место каде дозволено е 100
-
Кај двајца турски државјани, најдена дрога
-
Минималната плата во Албанија ќе се зголеми на 515 евра до 2026 година, најави албанската министерка за економија
-
Герасимовски: Градиме дом за стари лица, историска инвестиција за пензионерите
-
Анкета: Две третини од Унгарците не сакаат прекин на енергетската трговија со Русија