-->
-->
Се проширува мрежата за улично осветлување во Гевгелија
-->
Општина Гевгелија ќе ја прошири постојната мрежа за улично осветлување со поставување канделабри по должината на главната сообраќајница во стопанската зона „Блокотехна“ информираа денеска од Службата за односи со јавноста.
Од општината посочија дека изминативе четири години континуирано се врши проширување на мрежата за улично осветлување при што на подрачјето на општината се поставени 166 електрични столбови на изградени 5.109 метри нови линии за што биле потрошени околу 14,5 милиони денари од буџетот на општина Гевгелија.
По пријава на граѓаните дефектите на мрежата веднаш се отстрануваат така што само во првата половина од овој месец имало 76 интервенции за отстранување дефекти на уличното осветлување во општина Гевгелија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарни избори 2024
-
Пендаровски и Силјановска секојдневно на терен
-
Судски совет не ги утврди листите за избор на двајца нови членови на советот
-
Студентите на Штипскиот универзитет се едуцираат како да стартуваат сопствен бизнис
-
Преглед на вестите од светот
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот