Се продава напуштен град во Западна Австралија
Градот Косак што се наоѓа на брегот на Западна Австралија, е понуден на продажба. Некогаш тука живееле и работеле многу луѓе, најмени во индустријата за бисери, но со текот на времето населението се отселило во поголемите градови.
Собирањето бисери почнало 1880-тите, а до 1895 година имало 57 бродови каде што работеле повеќе од илјада луѓе.
Но, овој град сега е речиси сосем напуштен, па има само двајца жители – Рис Остерлунд и неговата партнерка Шенон Ервин, кои водат кафуле. Градот е сопственост на Државата, која одлучи да го продаде. Се работи за површина од 22,2 хектари, со 12 заштитени знаменитости, а тука е и блискиот остров Јарман.
Владата сѐ уште јавно не ја објавува цената, но предност имаат оние кои сакаат да го купат градот заради развој на туризмот, со сместување, кампување, кафулиња, галерии итн. Целта е обнова на градот и долгорочно зачувување и управување со местото. Понудите се прифаќаат до 20 ноември.
Ново на Сител
-
Таравари: Вознемиреност со чувство на вина, победата во октомври е многу блиску
-
Фетаи официјално соопшти дека останува дел од „Влен“
-
Тошковски ги оцени обвинувањата за тендерите како обид за политичка конструкција и дефокус од реформите
-
Тела на пет скијачи пронајдени на швајцарските Алпи
-
Каја Калас повика на „најсилен меѓународен притисок“ врз Москва
-
Сиљановска Давкова: Можна креативна дипломатија во Виена за одблокирање на евроинтеграцијата
-
Локомотива удрила пешак кај Хиподром
-
Едно лице одзело осум кеш бокса и сеф од казино во Чаир