Македонија
25. May 2025 - 18:40

Таравари: Вознемиреност со чувство на вина, победата во октомври е многу блиску

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари на својот Фејсбук профил реагираше по прес-конференцијата на вицепремиерот Арбен Фетаи и, како што вели, неговата група од помалку од 40 луѓе, по одлуката дека Алијансата за Албанците е дел од Владата.

Таравари во објавата посочува дека поранешните сопартијци чувствуваат мешавина од вознемиреност и вина, а ги потсети и на одржувањето на локалните избори на октомври на кои, како што вели, ќе победи.

- Анксиозноста е најлошото чувство кое човек го доживува...особено кога е измешано со чувство на вина! Продолжуваме помирно и посигурно од кога било кон oктомвриската победа која е блиску...многу блиску!, напиша Таравари.