Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето што го оштети дигиталниот споменик на Григор Прличев во Охрид

Во координација сме со јавен обвинител и се уште се преземаат мерки за откривање на вандалот, кој го оштети дигиталниот споменик на Григор Прличев во Охрид. Веднаш штом ќе имаме некои поконкретни сознанија ќе ја информираме јавноста, изјави за МИА портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Тој информираше дека вчера во 19:30 часот во СВР Охрид е пријавено насилно отстранување и одземање на 27 букви и на македонското знаме од виртуелниот споменик на Григор Приличев, лоциран на улицата „Коста Абраш“ во Охрид.
– Споменикот, кој е во сопственост на Општина Охрид, потоа беше исклучен од електрично напојување, рече Димоски.
Авторот на споменикот, професор д-р Анис Сефиданис на својот фејсбук профил објави дека непознати лица го пресекле доводот за електрична енергија до споменикот, го отстраниле македонското знаме и ги искорнале написите.
– Вечерва на 11 август, после нецели 48 часа од промоцијата, Паметниот споменик на Виртуелен Прличев кој години го работев со мојот тим и поддршка на Општина Охрид беше вандализиран и онеспособен од функција. Непознати лица го пресекле доводот до електрична енергија, го отстраниле македонското знаме и ги искорнале написите. Се обиделе да ги отворат и металните врати за да стигнат до главниот компјутер, но поради цврстиот материјал и безбедносните брави успеале само да ги искриват, напиша Сефиданис на фејсбук.
Дигиталниот паметен споменик на Григор Прличев, кој ги вкрстува вештачката интелигенција и виртуелната реалност во уникатно футуристичко искуство за граѓаните и посетителите завчера беше промовиран во Охрид.
Најновите технологии, како што информира тогаш од Општина Охрид, ќе овозможат спознавање на културата и технологијата, минатото и иднината, во непосредна интеракција со дигиталната свест. Иновативниот систем е изработен од компанијата „Сефиданис“, која неодамна потпиша меморандум за стратешка соработка со Општина Охрид.
– Решението, покрај останатото, вклучува и технологија за препознавање на говор на македонскиот јазик, како и високо реалистичен приказ на живописен аватар кој го претставува Прличев, синхронизиран со говор, кој ги отелотворува стиховите и емоциите на поетот, информираа тогаш општинските власти.
За виртуелниот модел на ликот, како што кажаа, биле користени оригинални фотографии, автентични скулптури со примена на напредни методи на машинска интелигенција за дигитална фотограметрија. Истакнаа дека дигиталниот споменик ќе биде достапен за комуникација во текот на целиот ден и ноќта, лето и зима на плоштадот на уметноста Долна Порта.
Ново на Сител
-

Бран протести низ Бугарија: Како одговор на граѓанскиот гнев предлог-буџетот е повлечен, но притисокот за предвремени избори продолжува
-

Руте: Само Трамп може да го надмине ќорсокакот во војната во Украина
-

Приведен дрвокрадец од село Мартолци, Општина Чашка
-

1300 евра казна за камиони кои со кал на гумите се вклучувале во сообраќај од градилиште во Аеродром
-

Од 110.000 на 50.652 – бројката на регистрирани сообраќајни прекршоци преполовена за еден ден
-

Стевче Трпковски нов директор на „Дрисла“, Владимир Кроневски на „Градски паркинг“
-

Еве како се шверцуваат цигари во камиони на ГП Ново Село | ВИДЕО
-

Дечињата од кикбокс клубот Fight Gym M4 со 9 медали на „PHX CUP Germany 2025“
