Свет
8. May 2025 - 18:21

Се појави бел чад од оџакот над Сикстинската капела, избран e новиот папа

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела.

133-те кардинални собрани во капелата во Ватикан го избраа новиот папа. Присутните верници на плоштадот се радуваа и аплаудираа.Се слушнаа и ѕвоната.

Тој наскоро ќе се појави на централниот прозорец на базиликата „Свети Петар“.