Бизнис
24. October 2017 - 19:55

Се подобрува состојбата во металургијата, но се стравува за недостаток на кадар

Се подобрува состојбата во металургијата, но металурзите стравуваат дека наскоро  можат да останат без кадри.

Пазарот заживува, им расте обемот на производство и нарачките, а позитивните ефекти врз економијата целосно ќе се почувствуваат дури догодина кога и Југохром ќе почне со работа. 

- Во  Арчелор Митал, Макстил и Дојранстил веќе имаме евидентен раст и на производството и на другите финансиски показатели. Кај металопреработувачките капацитети добро одат работите и многу брзо ќе се видат резултати, кај Фени можеби до крајот на годинава, а кај Југохром ќе почекаме да се рестартира производството - рече Кочовски.

Кочовски вели дека во услови кога растат цените на свестките пазари, и има раст на сите финансиски показатели единствено што бараат од новата Влада е да им обезбеди нормални услови за работа. 

Просечната возраст на вработените во секторот е над 53 години,а со бенефицираниот работен стаж се многу блиску до пензија. Металурзите потенцираат дека кадарот не се создава преку ноќ и потребни се коренити промени во образовниот систем. Инаку работниците во оваа индустрија земаат плата над 20 000 денари.