Се отвораат градинките во Грција
Во рамките на олабавувањето на мерките во Грција, од денеска, под строги здравствени протоколи почнуваат со работа градинките во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Со оглед на тоа дека во градинките се деца до четиригодишна возраст, за нив, не е задолжителен ниту селф тест (како што е за учениците), ниту е задолжителна употребата на маска.
За разлика од децата, селф тестот и маската се задолжителни за воспитувачките и негователките.
Забавиштата, за деца од четири до шест години, се отворија минатата седмица, заедно со основните и средните училиште.
Од денеска, селф тестовите за учениците, наместо двапати седмично, задолжителни се само еднаш, односно учениците, секој понеделник, треба да имаат потврда за негативен тест за домашна употреба за да можат да ја следат наставата.
Селф тестот е задолжителен и за просветните работници, за вработените во јавниот сектор, во полицијата, противпожарната и крајбрежната служба, за судските службеници, како и за вработените во малопродажбата, угостителството, транспортот, службите за чистење, во фризерските и козметичките салони.
Ново на Сител
-

Зошто Уставни измени се единствена тема на СДСМ
-

Тема на денот со Александар Саша Димитриевиќ, генерален секретар на СДСМ
-

Прилепската болница набави најсовремен рентген апарат во државното здравство и видео ЕЕГ за деца
-

Преглед на вестите од светот
-

ЕСМ: Обвинителството ги искривило исказите на инженерите
-

Нови обвинувања за уставните измени
-

Владата ги анализира кредитните понуди
-

Измените во собраниска процедура - родителите на насилните ученици ќе плаќаат казни
