Се очекува експерт за ампутации од Словенија, ќе се разгледаат опции за третман на повредените од дискотеката во Кочани
Очекуваме во следниов период да дојде експерт за ампутации од Словенија за да се погледнат опциите за третман на повредените кои имаат ампутации на прсти. Ова денеска го соопшти на прес-конференцијата во Влада, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, зборувајќи за најновите информации во врска со повредените во пожарот во кочанската дискотека.
- Дополнително на тоа, за да излеземе во пресрет на потребите на повредените, одобривме контролни прегледи во Пирогов за пациенти, повредените, кои сакаат да бидат контролирани во Пирогов. Во моментов, тоа се шестмина повредени лица. Иако ние апелираме, упатуваме дека најдобро место за третман е Кочани, нагласи Клековски.
Тој рече дека се на пат и се консултираат со експерти од Белгија кои биле тука во првата фаза, да дојдат на една проценка за да се види за натамошни, долгорочни чекори, вклучувајќи устанување на потребата доколку е потребно лекување во странство во некоја од наредните фази на третман на повредените.
Директорот на ФЗО информираше дека 46 или 48 пациенти се пријавени за првата смена и во петок или сабота ќе заминат на рехабилитација на Пониква. На Пониква било извршено дезинфекција, дератизација и дезинсекција на просторот, зголемен бил бројот на хигиеничари од два на пет, за максимално чиста околина.
- Нашата посветеност на повредените останува непроменета како првите часови, како првите денови. Таа е силна и ќе остане силна во иднина. Сите здравствени потреби, потреби за здравствена заштита на повредените од трагедијата во Кочани ќе бидат на терет и на сметка и поддржани од страна на државата, односно од Фондот за здравствено осигурување, нагласи Клековски.
Од третман на изгореници, наброја тој, на белодробие, друг тип повреди, физикална терапија, нега, психосоцијална, сè ќе било обезбедено и гарантирано од државата на долги стази.
Тој се осврна на сите услуги што сега се достапни во болницата во Кочани.
Станува збор, подвлече директорот на ФЗО, за процес што тече, се адаптира и ќе трае.
- На пример, компресивната облека што сега ја користат 58 лица за други делови на телото освен врат и лице, за врат и лице се осум лица, значи вкупно 66 лица, ќе трае. Сè уште имаме десет повредени лица кои се во болници. Имаме уште некои 15 лица кои најверојатно во наредниот период ќе им бидат земени мерки, значи процесот трае и ќе се адаптира. Морам да кажам, ќе трае две години. Препораките за употреба на компресивната облека се до две години и во тој период, најмалку на неколкупати, на неколку месеци на таа облека ќе треба нови мерки да се земат, да се менува, да се адаптира и така натаму, појасни Клековски.
Тој потсети дека британските експерти препорачале физикалната терапија сепак да биде во Кочани.
Тој апелираше да има смиреност кај повредените и нивните семејства бидејќи имаат комплетна посветеност кон нив и се во комуникација со соодветните центри за изгореници.
- Компресивната облека ќе треба да се користи две години. Не се препорачува употреба на ласер за третман на изгорениците порано од шест месеци. Во основа, веројатно ќе треба да помине една или две години за да заврши заздравувањето на кожата, пред да почнат естетски зафати за подобрување на изгледот. Ќе замолиме за сите прашања во однос на третманот, повредените се консултираат со Општата болница - Кочани, со Катерина Мирчовска и со стручниот тим што е формиран таму, бидејќи тие ги собираат сите информации што се неопходни, додаде Клековски.
Барањата за вработувања во кочанската болница, нагласи, не се поврзани исклучиво со третманот на повредените.
Се давало здравствена заштита на сите повредени, без разлика дали имаат здравствено осигурување или не.
Тој кажа и дека дел од потешко повредените се во школска возраст.
- Mислам дека наскоро Министерството за образование и наука ќе излезе со соодветен став за тие, кои се ученици во трета година или биле ученици во четврта година, појасни Клековски, одговарајќи на новинарски прашања.
Нема дефицит од лекови за онколошки пациенти, рече тој, одговарајќи на новинарски прашања.
Ново на Сител
-
Почнав со импровизиран салон од 8м2, денес имам 10 вработени | Октај Сејди | Sitel Podcast 098
-
Сè уште се чека одлуката на Трамп за евентуално вклучување на САД во конфликтот на Блиски Исток
-
На Табановце се чека 40 минути за влез, а на Богородица 30 минути за излез од земјата
-
Во Иран уапсени 24 лица поради шпионажа во корист на Израел
-
ИДФ: Иран напаѓа со ракети со повеќе боеви глави
-
Унгарската полиција ја забрани претстојната Парада на гордоста во Будимпешта
-
Нов ирански ракетен напад врз Израел
-
Нова размена на воени заробеници помеѓу Русија и Украина