Се нуди награда од 25 илјади долари за пронаоѓање на актерката Шабани од Скопје

Американските власти нудат награда од 25 илјади долари за корисна информација која ќе помогне во пронаоѓањето на студентката по актерство од Скопје, Адеа Шабани.
Според полицискиот оддел во Лос Анџелес дваесет и пет годишната Адеа исчезнала на 23 февруари, во 11 часот, под сомнителни околности.
- Последен пат е видена во близна на блок 1700 во Wilcox Avenue, неколку блокови оддалеченост од познатиот кинески театар во центарот на Холивуд, не многу далеку од местото каде што живеела. Пријателите изјавиле дека ја оставила вратата отклучена, што подразбира дека очекувала брзо да се врати. Загрижените пријатели ја пребарувале областа, надевајќи се дека ќе најдат некакви траги, а нејзината мајка веднаш допатувала од Македонија, од каде што е нејзиното семејство, јавуваат албанските медиуми.
Оние што ја знаат Шабани во почетокот мислеле дека е зафатена, но сомнежот се зголемил откако таа пропуштила важен час на Академијата за актерство на Стела Адлер. Тогаш тие се јавиле вој полицијата во Лос Анџелес.
Тие во континуитет апелираат секој кој можеби ја видел да се јави во полиција.
- Третирајте го ова како таа да е член на вашето семејство, ваша пријателка, бидејќи верувајте ми, ако ја запознаевте оваа девојка, ако ја знаевте оваа девојка, таа ќе им беше голем пријател на сите што ја познаваат, изјави Лисјен Јовановски.
Адела Шабани на студии по актерство во Лос Анџелес заминала пред две години.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
