СДСМ замрзнува во Собрание за да се топли на морските плажи
Новинарот Цветин Чилиманов се пошегува со денешната одлука на СДСМ да го замрзне своето учество во Собранието на Република Македонија, забележувајќи дека: „Само СДСМ можат да направат политички циркуз од тоа што решиле колективно да одат на одмор у Грчка“.
Социјалните мрежи денеска изобилуваа со вакви коментари на сметка на СДСМ и нивниот обид и да вршат еклатантен притисок врз правосудниот систем, и да одмораат од работата во парламентот и да си го искористат годишниот одмор на околните мориња на кои за нив секогаш има и правда и мир.
Заев кога не патува на Палма де Мајорка своите денови на одмор ги поминува на хациендата.
Радмила Шекеринска која исто како Зоран Заев е голем поборник за враќањето на средната класа, одморот го поминува во куќи на монденски летувалишта на кои ноќевање чини и по повеќе илјади евра на ден, уживајќи и на јахти.
Ново на Сител
-
Филипче: Минимална плата 27.700 денари
-
Ибраимовски: Фрлена бомба врз штабот на ПЦЕР во Тетово
-
Неевидентирани лица од други општини сакаат да добијат бесплатен кров над глава во Штип
-
Расте бројот на ученици во стручното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со д-р Никола Пановски
-
ИЈЗ: Четворица вработени на ЗОО под надзор, еден ќе се тестира за птичји грип
-
Партиски реакции: Одговорност за Арсовска за птичјиот грип во зоолошка