СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ остави хаос во здравството
СДСМ смета дека обвинувањата ВМРО-ДПМНЕ за состојбите во здравството се лицемерни и оти преку нив партијата очајнички се обидува да профитира врз несреќите на граѓаните и се обидува да го прикрие хаосот што го оставила во здравствениот систем.
- Преку 11-годишното коруптивно и криминално владеење ВМРО-ДПМНЕ го погази достоинството на лекарите и пациентите и направи хаос во здравствениот систем, а здравството во Македонија го направи едно од најсмртоносните во Европа, се вели во реакцијата на СДСМ на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.
Во неа се додава дека Владата предводена од СДСМ го менува таквиот однос кон здравството и преку посветена работа ги санира штетите во здравството и гo унапредува здравствениот систем во интерес пациентите, лекарите и медицинскиот персонал.
Ново на Сител
-
Трета Меѓународна конференција за фриленсери
-
Вакцинални тимови од наредната недела ќе одат во домови за стари лица за имунизација против грип
-
Медицинските сестри се соочуваат со низа проблеми
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ЗНАМ во Куманово