СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја поскапе струјата за 100 проценти
ВМРО-ДПМНЕ ја поскапе струјата за 100%, СДСМ ја воведе ефтината тарифа, се создаваат услови за извоз на струја и намалување на цената на електричната енергија.
ВМРО-ДПМНЕ за 11 години криминално владеење ја поскапе струјата за граѓаните за дури 100% и ја укина ефтината тарифа.
Домашните производствени капацитети беа запоставени, не се произведуваше струја, туку се увезуваше скапа струја со што директно се удри врз џебот на граѓаните.
Точно пред 1 година токму опозициската ВМРО-ДПМНЕ имаше серија на вакви лажни прес конференции како денешната на кои неосновано тврдеше дека струјата ќе поскапи за 20%. Тоа не се случи.
Се што кажа ВМРО-ДПМНЕ излезе невистина.
За само една година, со успешно, домаќинско и одговорно работење на Владата предводена од СДСМ се воведе ефтината тарифа на струјата, Македонија го зголеми сопственото производство на електрична енергија, земјава продава струја и се создадоа услови за намалување на цената струјата.
Со воведувањето на ефтината тарифа на струјата остануваат 11 милиони евра годишно, повеќе пари кај граѓаните.
Од почетокот на оваа година, на три аукции, вкупно се продадени 170.160 MWh со приход од над 8.7 милиони евра (8.720.558 евра).
За споредба, во 2017 година воопшто не биле произведени ниту продадени вишоци електрична енергија.
Споредбата во времето кога кадри на ВМРО-ДПМНЕ раководеа со ЕЛЕМ, како Христијан Мицкоски, покажува дека: од држава зависна од увоз на електрична енергија, денес Македонија продава вишоци на електрична енергија.
Се потврдува дека со домаќинско и одговорно управување се постигнуваат значителни резултати од кои се обезбедуваат повеќе пари за државата а бенефит на крајот имаат сите граѓани.
Ново на Сител
-
Пет месеци од трагедијата во Кочани, 18-ти по ред „Марш на ангелите“
-
Тема на денот со Тони Менкиноски
-
Пратениците од ДУИ гласаа против измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Средбата Трамп-Путин заврши без договор за прекин на руско-украинската војна
-
Цела ноќ битка со стихиите кај Јажинце, денеска критично и кај Јасен
-
Славески: Без јасна поделба на универзитетите секое следно рангирање ќе носи фрустрации, не решенија
-
Кога студентите ќе ги добијат ваучерите од 250 евра за електронски уреди?
-
Проблемот со струшката депонија пред судот во Стразбур