СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го кочи процесот на гасификација
ВМРО-ДПМНЕ го кочи процесот на гасификација, немаат поднесено ниту еден амандман за Законот за решавање на спорот со АД „Макпетрол“ а имаат илјадници за Деловникот за работа на Собранието
ВМРО-ДПМНЕ ниту имало ниту ќе има чувство за интересите на граѓаните и државата. Тие знаат само за личен, партиски интерес и затоа во Собрание кочат се што е на дневен ред.
Со Законот за решавање на спорот помеѓу Владата и АД „Макпетрол“ се надминува наследен проблем, настанат во друго време, се’ со цел да не се развие гасоводниот систем и да бидеме “заробеници” само на една гасна врска и монопол.
Решаваме децениски спор со кој ќе се либерализира во потполност пазарот. По 32 милиони евра поседуваат „Макпетрол“ и Владата во АД „ГА-МА“, кое управува со системот за пренос на природен гас.
Со Предлог-законот за решавање на спортот помеѓу Владата на Република Македонија и „Макпетрол“ АД Скопје, со препораки на Арбитража на Енергетска заедница на ЕУ, по пат на спогодба се утврдува дека „Макпетрол“ својот дел од 32 милиони евра ќе ѝ го продаде на Владата.
Со Законот се уредува решавањето на спорот, се решаваат несогласувањата помеѓу страните и тој води кон целосно окончување на постапките кои произлегле од ваквиот спор и дава можност за надминување на несогласувањата и завршување на сите започнати постапки.
Во спротивно, спорот ќе заглавеше во судските лавиринти и ќе се кочеше гасификацијата, што можеби е и целта на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата.
За граѓаните, за државата е од особено значење да се задржи сопственоста врз преносниот систем со природен гас и токму поради тоа во член 110 од Законот за енергетика е пропишано дека сопственик на операторот на пренос со природен гас е Министерство за економија.
Оваа влада сака да ги решава тешките проблеми- без разлика дали со тоа ќе и овозможи на опозицијата да критизира и да биде предмет на манипулација и интереси од други фактори надвор од републиката.
Со овој закон се исполнуваат и ЕУ директивите. Затоа Македонија според Енергетската заедница е прогласена за лидер во реформите во енергетиката.
Самиот факт што ВМРО-ДПМНЕ не поднесе ниту еден амандман по овој закон, а поднесе илјадници за Деловникот, стотици за Законот за здравствена заштита, Законот за внатрешни работи е доволен доказ дека оваа партија нема ништо против решавање на спорот, ама има против забрзувањето на процесот на гасификација на државата.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
МОН: Учебници за сите ученици на стартот на новата учебна година
-
Полицаец обвинет за давање поткуп на колега на ГП Долно Блаце
-
Четири возила кај „Зебра“ изгореа во пожар
-
Милевски го објави списокот за септемвриските натпревари на македонската фудбалска репрезентација
-
Андоновски: Досега забранети 250 онлајн приредувачи на игри на среќа без лиценци, до крајот на месецот очекувам уште 50 да бидат забранети
-
Откупот и продажбата на земјоделските производи 3,6 милијарди денари, зголемени за 7,2 отсто
-
Нетанјаху: Масакрот врз Ерменците во 1915-1917 е геноцид
-
Пожар во градинка во Белград, евакуирани децата