СДСМ утре избира нов лидер на партијата
СДСМ утре на внатрепартиски избори ќе избира меѓу еден од четворицата кандидати за претседател на партијата. Гласањето ќе се одржи на 77 избирачки места, додека право на глас имаат околу 23 илјади членови на партијата.
Во трката за нов лидер на СДСМ се поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче, директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска, како и поранешниот заменик министер во МИОА, Александар Бајдевски. Четворицата кандидати ветуваат реформи во партијата, како и обединување на членството.
Петровска вчера ги повика останатите тројца кандидати да се откажат од внатрепартиското гласање за избор на претседател на партијата, бидејќи, како што рече, изборниот процес бил нефер, односно еден од противкандидатите имал пристап до базата на податоци и ги злоупотребувал личните податоци на членовите на партијата.
Во изјава за медиумите таа посочи дека до неа стигнале информации дека во определени општински организации се појавиле одреден број гласачи, кои не побарале да бидат регистрирани, односно, како што рече, некој користејќи ги алатките во нивно име ги регистрирал.
Сепак, Петровска рече дека ќе се најде на избирачкото ливче в недела, бидејќи избирачките материјали се веќе отпечатени, но нагласи дека таа лично нема да излезе да гласа.
Претседателката на Централната изборна комисија за избор на претседател на СДСМ, Викторија Аврамовска-Мадиќ, рече дека Комисијата работела напорно за да спроведе транспарентен и демократски процес, затоа внатрепаритското гласање в недела ќе се одржи. Во врска со забелешките на Петровска, Мадиќ рече дека тоа е нејзино право.
Избирачкиот список којшто ќе се најде на 77 избирачки места ширум земјава ќе брои 23.373 акредитирани членови на СДСМ.
Гласањето ќе започне во 8 часот, а ќе заврши во 20 часот.
Ново на Сител
-
Кратери повикуваат на мобилизација за натпреварот против Македонија Ѓорче Петров
-
Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо
-
Руд: Ѓоковиќ е најголемиот спортист на сите времиња
-
ЦУК: Од вкупно 13 пожари на отворен простор, активни се четири
-
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци
-
Украинци: На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца
-
Со хеликоптер на Армијата исфрлени 102 тони вода врз пожарот во Јасен
-
Албанија - црн рекорд во регионот, досега опожарени 55.154 хектари земјиште