СДСМ: Уплашениот Мицкоски си нарачува анкети за да си ја задржи фотелјата во Белиот дворец
На Христијан Мицкоски му пропаднаа сите лаги, сите блокади, сите обиди за насилни и крвави сценарија.
Заради лична корист, Мицкоски ги лажеше граѓаните, ги лажеше своите коалициски партнери, го лажеше и своето членство, го повикуваше на протести на кои ниту самиот тој не се појавуваше.
Откако беше прочитан, Мицкоски остана сам и изолиран со поддршка единствено од Левица и Димитар Апасиев.
По сите порази, Мицкоски е уплашен за својата фотелја во Белиот дворец, затоа си нарачува анкети со штелувани резултати, во кои не верува ниту членството на ВМРО-ДПМНЕ.
Сето ова е веќе видено, скогаш кога на Мицкоски му се ниша фотелјата, тој нарачува анкети за да му го држат стравот.
Ниту една фингирана анкета не го сокрива фактот дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ работат против граѓаните, против државните и националните интереси.
Центар за комуникации со јавностa на СДСМ
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Богданци
-
СДСМ вечерва на митинг во Ѓорче Петров
-
Тема на денот со Маја Мојсова, кандидатка на СДСМ за Карпош
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
-
Битолскиот суд одби да го стави Марковски во притвор
-
Обвинетиот кој со мотор усмрти пешак призна вина
-
Кандидатите за градоначалници за Скопје со бројни ветувања за подобар град
-
Партиските изборни карвани со нови ветувања за поубави општини