СДСМ: Спасов не одговори на клучните прашања

СДСМ смета дека дополнителниот заменик министер Диме Спасов обидувајќи се да се оправда „изнел само приказни дека бил бркан, уплашен и наместен, но не дал одговор на клучни прашања“.
- Што правел Диме Спасов во 23 часот со службено возило на Агенцијата за вработување, дали бил во алкохолизирана состојба, зошто се обиде да излаже дека не возел, зошто го испрати својот шофер да лаже дека тој, а не Диме Спасов го возел возилото, дали имал сопатничка во возилото и во кое својство била таа таму и зошто се криеше од јавноста и зошто не оди на работа, прашуваат од СДСМ.
Оттаму велат дека наместо да се извини за своето неодговорно и непресметливо однесување, Спасов, како што се посочува во реакцијата на СДСМ на интервјуто за ТВ Нова, „без тронка срам, решил да ја лаже целата јавност“.
Од партијата велат дека наместо да одговара прекршочно и да плати казна за сударите, Спасов решил да бега од полицијата и да мести друг лажно да сведочи дека возел, а сега и, како што се наведува во реакцијата, „лажно пријавува филмови кои не се случиле, и си навлекува кривична одговорност“.
Ново на Сител
-

Инфлација од 4.5 проценти во октомври
-

Кривична пријава против 40-годишна радовишанка, поради дојава за бомба во училиште во Радовиш
-

Ѓорѓиевски: Од понеделник 55 приватни автобуси ќе го засилат јавниот превоз во Скопје
-

Со Градскиот воз, БРТ системот и ЈСП скопјани конечно ќе добијат ефикасен јавен транспорт, кажа Ѓорѓиевски
-

Компанијата „Гунвор“ ја повлекува понудата за купување на „Лукоил“
-

Даме Димитровски нов претседател на Советот на Град Скопје
-

Мицкоски: Очекувам следната година нивото на инфлација да се движи меѓу 2 и 3 проценти
-

Директорот на Агенцијата за финансиска фатен како зема мито од 400 евра, финалната сума требало да биде 50.000 евра
