СДСМ: Шест месеци градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не сработеа ништо, затоа Мицкоски блокира
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во првите шест месеци од мандатот не сработеа ништо за општините и граѓаните, не ги реализираа ветувањата, немаат ниту еден проект.
Затоа Христијан Мицкоски, во очај, промовира проекти на градоначалниците од СДСМ, како реконструкцијата на улици и канализација во Лескоец во Охрид.
Во главниот град градоначалничката Арсовска не исполни ниту едно ветување.
По шест месеци во Скопје нема бесплатен јавен превоз, нема нови 250 еколошки автобуси, нема нови паркови, не се исчистени депониите.
Истовремено проектите започнати од претходниот градоначалник или се закочени или Арсовска нема капацитет да ги доврши.
Арсовска го стопираше проектот за брз транспорт во Скопје, БРТ, со месеци не може да го заврши мостот во Аеродром, улиците Есенинова и Васко Карангелески, клучката во Визбегово. Иако вети дека нема да сече дрва направи масакр на дрва во Аеродром.
Граѓаните секојдневно на дело ја гледаат неработата и неспособноста на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.
Христијан Мицкоски знае дека разочарувањето кај граѓаните од локалната власт од ВМРО-ДПМНЕ е големо и за тоа се заканува со активни блокади и зборува за предвремени парламентарни избори во време на најголема економска и енергетска криза.
СДСМ, заедно со граѓаните, заедно со парламентарното мнозинство нема да дозволи блокадите и деструкцијата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да успеат.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Од понеделник на над 6 илјади службени возила ќе им се ставаат црвени регистрации
-
Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-
Судење за екс директорот на затворот во Шутка, Филип Андов
-
Му пишале казна бидејќи фрлил ѓубре до контејнер, а контејнерот бил преполн со смет
-
Влада: Успешно завршени три од осум арбитражни постапки
-
Синдикалната кошница во август 65.500 денари, најмногу поскапела храната
-
Влада: ДУИ кога е на власт работи на еден начин, а во опозиција бара нешто друго за она што го направиле во минатото
-
Само 1.916 пријавени службени возила од 6.500 - институциите не ги пријавиле сите во рокот