Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
Неизвеснот и загриженост владее на пазарите пред утрешните преговори меѓу САД и Иран, кои треба да се одржат во Пакистан.
Нафтата повторно се доближува до 100 долари за барел, индексот на европските, азиските и американските берзи благо порасна. Додека Ормутскиот теснец останува затворен. Инвестоторите внимателно ја следат цената на нафтата, која служи како барометар за економијата и движење на инфлацијата
.- „Инвеститорите, секако, продолжуваат да ги следат случувањата во Ормутскиот теснец со нервозно исчекување. Доналд Трамп, соодветно, го критикуваше Иран за многу лоша работа. Се шпекулира дека ќе бидат воведени тарифи на поединечни бродови, или дека преминот на крајот ќе зависи од поединечните земји на бродовите. Како такви, инвеститорите продолжуваат да го следат Ормутскиот теснец, што е клучен фактор за цената на нафтата. Цената на нафтата неодамна остана постојано под 100 американски долари за барел. Инвеститорите се малку поубедени, а видовме неделен раст од 2,7% во оваа кратка поствелигденска недела.“ ,изајви Тим Охснер, германски аналитичаа
Затворениот Ормутски тесенц ја зголеми побарувачката на нафта од Северното море. Споре Фајненшл Тајмс, нафтатат од типот Фортиз Бленд, која е веднаш подготвена за испораката, достигна цена од 147 долари за барел , далеку повисока од 97 те долари колку што е рефернатната цена од типот Брент. Ова покажува дека на светскиот пазар провладува став од недостиг, а побарувачката е толку висока што ги пореметила и клучните механзими за тргување . Трговците велат дека не можеле да купуваат по таканаречените Це еф Де договори инструмент која ја прати разликата помеѓу моментралната и идна цена – бидејќи таа разлика надминала 30 долари по барел.
Овие договореи служат како заштита од растот на цената ,а трговците велат дека не се сеќаваат на слични ситуации како оваа до сега, па дел од транскациите ги прават надвор од службената берза.
Високиот притисок на пазарот покажува колку глобалната енергетска криза се продлабочува, наспроти оптимистичките пораки на американскиот претседател Трамп дека Иран повторно ќе го отвори теснесот низ кој поминува 20 отсто од светската нафта.
Ако не се отвори во целост во рок од 3 недели , без гориво ќе останаат европските аеродроми . Авикомпаниите велат дека ги трошат последните залихи и нивните добавувачи не можат да им гарантираат испораки на гориво во мај. Затоа дел од нив почнаа со редуцирање на летовите, се додека не се отвори теснецот , низ кој поминуваат дури 40 отсто од светските потреби на гориво за авиони. .
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
