ММФ предупредува: Војната ќе ја зголеми инфлацијата и ќе го забави економскиот раст
Војната на Блискиот Исток ќе ја подгрее инфлацијата и ќе го забави растот, предвидува ММФ во најновиот Извештај. Шокот од високите цени на енергенсите ќе предизвикаат трошоците за живот да се зголемат на околу 4,5%, наспроти владините очекувања од 2,5. Економскиот раст ќе биде понизок од планираните 3,8 и ќе изнесува 3,1 отсто., додека дефициот на тековната сметка ќе достигне 5%. Но премиерот Мицкоски дециден – очекува растот да се задржи и повторно да биде меѓу најуспешните земји во регионот
- Но, она што е факт е дека во 2024 година, по економскиот раст, бевме во горната половина во Европа, а во 2025 година во првите пет земји во Европа. Јас очекувам тој континуитет да биде и оваа година бидејќи апсолутно по сите параметри имаме раст, и по туризам, и по земјоделски производи, и по потрошувачка, и по обемот на трговијата, но и по реализација на капитални инвестиции... Тоа е прво. Второ, ние никогаш не рековме дека инфлацијата ќе биде под 2 процента, туку помеѓу два и три отсто. И јас тоа сум го кажувал многупати во моите изјави - рече Мицкоски.
Меѓународниот Монетарен Фонд препорачува – владините мерки против растечките цени да бидат таргетирани, а на за сите домаќинства.
Поддршката за домаќинствата како одговор на тековниот шок на цените на енергијата треба да биде добро насочена, бидејќи субвенциите за сите нивоа, вклучително и генерализираните намалувања на даноците, се неефикасни и регресивни. Затоа, привременото намалување на ДДВ треба постепено да се укине. Ранливите домаќинства треба да бидат поддржани преку постојните шеми за социјална помош, кои се релативно добро насочени во Северна Македонија, иако нивната покриеност и соодветност можеби ќе треба да се зајакнат. Неочекуваниот приход од ДДВ од повисоките цени на горивата би можел да се искористи за покривање на дел од поврзаните трошоци., пишува ММФ
ММФ препорачува и постепено укинување на субвенциите за струја, затоа што постојните тарифи не ги покриваат трошоците на ЕСМ. Субвенции да добуваат само ранливите граѓани . На тој начин ќе се обезбедат повеќе пари во буџетот за дополнителна помош, ако кризата потрае, пишува Фондот
На Народната банка ММФ и препорачува да ја зголеми референтната камата и ако е потребно, да ја зголеми задолжителната резерва: Банкарскиот сектор е стабилен и ликвиден, но зголемената изложеност на недвижности бара внимателно следење.
- Доколку притисоците врз кредитниот и станбениот пазар продолжат во наредните месеци, ќе бидат потребни дополнителни макропрудентни мерки за понатамошно зајакнување на капиталните бафери и ублажување на ризиците.
Фискалните отстапувања , особено од ад ход зголемувањата на платите во јавниот сектор и пензиите, заедно со надминувањето на трошоците за големите инфраструктурни проекти, можат да ја попречат фискалната консолидација и да ја еродираат довербата на пазарот., пишува ММФ. Неопходни се и реформи во судстсвото, пазарот на труд, контрола во тековсните трошоци и намалување на трошоците за данокот на ДДВ, препорачува Фондот.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
