Владата веднаш да преземе мерки против растечките цени на нафтата
Владата веднаш да формира Кризен штаб и да преземе мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните. Експертите алармираат – се уште не сме ги почуствувале последиците од конфликот на Блискиот Исток. Механизими на располагање има, но се уште не се делува. Ќе биде многу доцна - не само што ќе поскапат енергенсите и храната, туку во прашање се доведува и нарушување на целиот синџир за снабдување и распламтување на инфлацијата.
- Неоходно е веднаш да се делува. Или во делот на акцизи или намалување на ДДВ-то. Владата има механизми, има закони, но треба проактивно, а не пост фестум делување, затоа што последиците ќе бидат многу големи, изјави Кирил Миноски, поранешен министер за финансии.
Експертите препорачуваат – да се зголемат резервите на нафта, властите да побараат од земјите од каде што се снабдуваме поголеми количини и залихи на чување. Дури и сега да заврши војната, што е малку веројатно, ќе треба време за целосно опоравување. А малите и увозно зависни економии како нашата – ќе бидат најпогодени
- Денеска се соочуваме со енергетски шок, последиците ќе ги почустуваме од 7 до 10 дена, ние се уште ништо не сме виделе до сега. Безбеднота, енергетската безбедност е доведена во прашање, ќе следува после и справување со миграцијата, која ќе следи по завршување навојната, изјави Раби Седрак, безбедносен аналитичар, директор на Институт за меѓународни, стратегиски и безбедности студии
Во услови на економска неизвесност, владата мора да внимава на што ги троши парите, затоа што не се знае какви шокови ќе следат, алармираат експертите. Едно е сигурно – долгот на државата ќе расте, но задолжувањето ќе биде многу скапо, бидејќи каматите ќе бидат високи. Ако цените на нафтата стигнат до 200 долари за барел, не се исклучува можноста од крах на светската економија.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
