Бизнис
2. April 2026 - 16:36

Унијата ќе воведе радикални мерки за штедење

Радикални мерки за штедење против растечките цени на горивата воведува Европската Унија. Пониски даноци на сметките за струја, штедењето гориво со намалување на брзината на автопатиштата и користење јавен превоз, работа од дома каде што е можно, воведување систем пар-непар, па дури и активирање на нуклеарните ресурси се дел од мерките за кои размислува Брисел.

Мора да се штеди, посебно дизелот и авионското гориво, затоа што ситуацијата е сериозна, изјави еврокомеасрот на енергетика, Дан Јергенсен.

-Да почнам со неколку бројки. Од почетокот на конфликтот на Блискиот Исток, цените во ЕУ се зголемија за околу 70% за гас и 60% за нафта. Во финансиска смисла, 30-дневниот конфликт ја чини Унијата дополнителни 14 милијарди евра за увоз на фосилни горива. Овие бројки даваат многу јасна слика. Како што кризата на Блискиот Исток влегува во својот втор месец, таа е...јасно е дека се соочуваме со многу сериозна ситуација, изјави Јергенсен.

Планот од 10 мерки кои ќе се презамат наскоро ќе биде таргетиран и привремен, додеде Јергенсен, затоа што и во случај војната брзо да заврши, враќањето во нормала не се очекуава наскоро. И Меѓународната агенција за енергија предупореди дека мерките треба да бидат насочени само кон ранливите граѓани.

Иако веќе ослободија дел од резервите на нафта, првиот човек на агенцијата Бирол предупреди дека април ќе биде многу полош од март, поради драстично намалените количините на нафта и природен гас од Блискиот Исток.

Единствениот излез од криза Бирол го гледа во во отворањето на Ормутскиот Теснец.

А по вчерашниот говор на Трамп, не се очекуава деескалација на војната. Откако Трамп изјваи дека нападите врз Иран ќе продолжат во следните 2 до 3 недели, цените на нафтата повторно вивнаа. Барел се доближи до 110 долари.