СДСМ: Секој пензионер оваа година ќе добие 2.160 денари повеќе
ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на аргументи ги игнорира релеватните вистинити информации и секојдневно измислува нови лажни вести со цел да креира вознемиреност кај граѓаните. Ова го посочуваат од СДСМ во пишаната реакција на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на која беше истакнато дека пензионерите нема да добијат 2.100 денари повеќе.
Според СДСМ, лага е дека се укинува највеното покачување на пензиите како што тврди ВМРО-ДПМНЕ.
- Вистината е дека пензионерите за оваа 2017 година ќе добијат многу повеќе од еднократното покачување од 630 денари во 2016, односно секој пензионер оваа година ќе добие вкупно 2160 денари повеќе како резултат на усогласувањето на пензиите со трошоците за живот, стои во соопштението.
Од СДСМ велат дека токму ВМРО-ДПМНЕ ги скрати двете годишни усогласувања на пензиите и со тоа оневозможи пензиите да растат согласно трошоците за живот.
- Неуспешни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да шири лажни вести. Владата предводена од СДСМ го подобрува животниот стандард на граѓаните, се наведува во соопштението од СДСМ.
Ново на Сител
-
ЦУК: Пет активни пожари и четири под контрола
-
Приведен 42 годишник од Тетово, управувал возило со 1,94% промили алкохол во крвта
-
Двајца загинати во големиот пожар на Кипар проширен на 100 квадратни километри
-
Десет лица загинаа во шумски пожар во западна Турција
-
Авион со околу 50 патници исчезна над Русија
-
Човековидниот робот „Аи-Да“ наслика портрет на кралот Чарлс
-
Трамп вели дека е можно олеснување на царините ако ЕУ го отвори пазарот за американските фирми
-
Тајланд и Камбоџа започнаа вооружен судир на спорната граница