СДСМ: Се спроведуваат проекти за подобар живот на граѓаните
Парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ продоложуваат со спроведувања на зацртаните мерки и проекти што го унапредуваат квалитетот на живот и носат повеќе пари назад кај граѓаните, соопшти денеска СДСМ.
Потенцираат дека е започнат рокот за аплицирање односно се спроведува мерката со која работниците со ниски примања и приходи до 22 илјади денари ќе можат да искористат петдневен бесплатен субвенциониран одмор вон сезона во некои од домашните туристички центри.
Со поднесениот предлог-закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, пак, материјално ќе се обезбедат над 3.500 лица кои месечно ќе добиваат 7.596 денари, посочува СДСМ.
Како што укажува, со усвојување на Законот за минимална плата предложен од парламентарното мнозинство, сите вработени во сите стопански гранки ќе добиваат повисока минимална плата во висина од 12.000 денари, вклучително и вработените во текстилната, кожарската и текстилната индустрија кои досега добиваа пониска минимална плата.
Ќе се укине, потенцираат, радиодифузната такса која повеќе нема да биде финансиски трошок за граѓаните, а од први октомври се враќа и дневната евтина тарифа на струјата, секој ден по два часа и 24 часа во недела.
Ново на Сител
-
Нови сознанија за мистеријата наречена проѕевање
-
26-годишен турчин фатен со дрога во Гази Баба
-
Општина Делчево со парична поддршка за првороденото новороденче во 2025 година
-
Рокас: Искористете го тековниот момент на наклонетост кон проширувањето
-
Прекин на сообраќајот на патот Кочани - Виница, кај хотел „Филипо“
-
Два случаи на голема кашлица изминатите седум дена
-
Куќата oд филмот „Сам дома“ продадена за 5,5 милиони долари
-
Французинка измамена од лажен Бред Пит, изгубила 830.000 евра