Куќата oд филмот „Сам дома“ продадена за 5,5 милиони долари

Куќата oд филмот „Сам дома“ – со типичниот ентериер од 90-тите, е продадена по бараната цена за 5,5 милиони американски долари, објави „Пипл“ (People).
Имотот во американската сојузна држава Илиноис беше центар на класичниот празничен филм, каде што 8-годишниот Кевин Мекалистер, кого го глуми Меколи Калкин, по грешка останал дома сам, откако неговото семејство набрзина заминало на божиќен одмор. Куќата има пет спални соби и шест бањи, а на пазарот се појави и во мај 2024 година за цена од 5,25 милиони долари.
Во меѓувреме, имало најмалку една неуспешна продажба, според агентите за недвижнини од „Колдвел банкер ријалти“.
И Калкин, сега 44-годишен, во една прилика призна дека имал „на памет да го купи (имотот), само за да се изнасмее“ во него додека го гледал филмот. Односно, не да се пресели во него, размислувал да го претвори во „филмска забавна куќа“ каде што обожавателите би можеле да прошетаат во посебни носталгични обиколки.
Домот претходно беше купен во 2012 година, за над 1,58 милиони долари, според „Меншн глобал“ (Mansion Global).
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
