СДСМ: Се прават последни анализи за враќање на дневната евтина тарифа на струјата

Враќањето на евтината дневна тарифа се должи на успешното менаџирање на последиците од светската енергетска криза, од страна на Владата и институциите предводени од СДСМ, кои обезбедија непречено снабдување со електрична енергија и ги заштитија граѓаните од ценовни шокови.
Со вклучување на сите капацитети домашното производство на електрична енергија се зголеми за 40 проценти, со што значително се намали увозот на струја.
Од почетокот на 2022 до крајот на март 2023 година произведени се некаде над 2,7 милиони мегават часови домашна електрична енергија, а уделот на увозот се намали од над 30 отсто на околу 11-12 проценти. Истовремено за само 15 месеци се инсталирани 192 мегавати „зелена енергија“.
Пропаднаа сите лажни сценарија на ВМРО-ДПМНЕ со кои го плашеа народот дека ќе има рестрикции, дека цената на електричната енергија драматично ќе порасне, дека енергетскиот сектор ќе пропадне.
Ново на Сител
-
Филипче: Граѓаните живеат се потешко
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
На полноќ почнува изборната кампања
-
Партиите најавуваат демократски процес
-
Петмина средношколци завршија на штипско инфективно поради труење со храна од сендвичара
-
Колку пациенти по скринингот во Трубарево биле на дополнителни прегледи на Пулмологија?
-
Осветен храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје
-
Вандализиран муралот на Мајка Тереза