СДСМ: СДСМ како државотворна партија со коњанички марш во чест на македонските востаници | ФОТО
Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски заедно со СДММ утрово организираа коњички марш во Крушево по повод Илинден.
„Маршот до споменикот кај месноста Слива близу Крушево, беше организиран во чест, слава и почит на македонските востаници и нивното јунаштво при одбрана на Крушевската Република.
СДСМ, како државотворна партија со низа активности оддава почит и одбележувањето на 120 години од Илинденското востание и одбележување на најголемиот државен празник 2 август – Денот на Републиката.
Идеалите и заложбите за слобода, правда и еднаквост од Илинден 1903 и темелите на македонската државност од Илинден 1944 година, од АСНОМ, за СДСМ остануваат водилка во борбата за градење модерна, демократска, слободна држава, идна членка на ЕУ.“
Ново на Сител
-
Тошковски: Првичните информации се дека неприлагодената брзина е причина за сообраќајката во Кичево
-
Словенечки суд го ослободи поранешниот премиер Јанша од обвиненија за корупција
-
Во завршна фаза рехабилитацијата на патот од Охрид до Св. Наум
-
На граничниот премин кон Србија се чека од 20 до 30 минути, а кон Грција до 15 минути
-
Извршен увид на местото на сообраќајната несреќа во која загинаа три лица, а осум се повредени
-
Алкараз трет полуфиналист во Барселона
-
Денеска нова размена на речиси 500 воени заробеници меѓу Русија и Украина
-
Православните и католичките верници годинава го слават Велигден на ист ден