СДСМ: Партијата победува но и се менува и секојдневно расте, 36.000 членови досега го ажурирале своето членство
СДСМ секојдневно расте, се менува, развива и модернизира, се дигитализира за уште подобро да им служи на граѓаните и на државата.
Процесот на ажурирање на членството на СДСМ се одвива со одлично темпо, членовите се силно мотивирани.
За три недели околу 36.000 членови направиле ажурирање на своите податоци го потврдиле членството во СДСМ, а процесот продолжува до 25 февруари.
Истовремено, голема е заинтересираноста на нови членови, на многу млади кои секојдневно се приклучуваат кон СДСМ, кон најсилната, најмодерната и најдинамичната партија.
Граѓаните препознаваат дека само со СДСМ може да продолжи напредокот, интеграцијата, да се обезбеди правда и развојот на нашата држава.
За СДСМ најважни се вредностите, визиите, политиките, кои значат напредок, еднаквост, социјална држава, ефикасно здравство, институции, повеќе пари кај граѓаните, повеќе инвестиции, капитални проекти, поголеми плати и пензии, повеќе мерки и пари за фирмите, поголеми шанси за младите и систем, ред, правда и поредок.
Нашата партија е креатор и гарант на концептот Едно општество за сите граѓани, затоа во СДСМ пристапуваат и Македонци и Албанци, но и Турци, Срби, Роми и Бошњаци.
СДСМ е единствената партија која има организирано политичко делување во сите општини низ државата. Во секоја општина направивме општинска организација.
СДСМ продолжува да работи уште поодговорно, посветено за интересите на граѓаните и државата.
Ново на Сител
-
Без вода корисниците на улиците „Финска“ и „Христо Татарчев“
-
Собранието ќе ја започне 19. седница, ќе се гласа за доекипирање на ДИК
-
Суд во Рим повторно нареди враќање на мигранти од Албанија во Италија
-
Северна Кореја го ратификуваше одбранбениот договор со Русија
-
Во Германија уапсен тинејџер под сомнение дека планирал терористички напад
-
Состојба на патиштата
-
Облачно со магла по котлините
-
Трамп го назначи Стивен Милер за заменик-шеф за политика во новата администрација