СДСМ: Параноичниот Мицкоски сака да нѐ скара со цел свет и со цела Европа

Паранојата што ја покажува Христијан Мицкоски во однос на некакви светски заговори јасно покажува дека станува збор за еден антиевропски политичар.
Мицкоски е ист како и неговиот ментор и претходник Никола Груевски и сосема е свесен дека реториката што ја искажува изминатите денови, реториката против ЕУ и против НАТО, ќе ја остави Македонија уште најмалку 11 години во изолација.
Параноичниот Мицкоски сака да нѐ скара со цел свет и со цела Европа
Прво зборуваше за некакаква бугаризација и асимилација, па кога тоа се покажа дека е невистина почна да зборува за бугарски диктат.
Откако стана јасно дека нема никаков бугарски диктат, Мицкоски сега ја менува реториката и зборува за некакви притисоци и светски заговори против него и неговата партија.
Тој едноставно има капацитет да создава само непријатели па смета дека сите и така размислуваат.
Тоа само укажува на неговите лични фрустрации и неговата лична состојба која е далеку од реалноста бидејќи е сосема јасно дека Македонија во овој период има огромна поддршка од меѓународниот фактор и има пријатели како што никогаш досега немала.
СДСМ
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
-

Артан Груби излезе од куќен притвор, но надвор од Скопје нема да може да оди
