СДСМ: Ново намалување на горивата, уште еден доказ за ефикасноста на антикризните мерки на Владата
Благодарение на ефективните мерки на Владата предводена од СДСМ за намалување на ДДВ и акцизата имаме најниски цени на горивата во регионот.
Кај нас веднаш по примена на мерките, малопродажната цена на бензинот БС-95 се намали за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари за литар.
Од полноќ има ново намалување, бензините се продаваат по цени пониски за пет денари по литар, дизелот поевтинува за шест денари по литар, а екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 5,50 денари по литар.
Граѓаните во нашата држава точат бензин БС-95 со пониска цена во однос на Грција, каде бензинот е најскап и чини 1,94 евра, потоа во Албанија (1,62), Хрватска (1,57), Црна Гора (1,54), Словенија (1,503), Романија (1,5), Србија (1,45).
Исто е и со дизел горивото, кое во Грција се продава за 1,99 евра за литар, следува Албанија со 1,70 евра за литар, Хрватска со 1,59 евра, Србија со 1,55 евра за литар, па Косово каде дизелот се продава за 1,50 евра, Во Бугарија чини 1,48 евра, а во Црна Гора 1,47.
Ова е уште еден доказ за ефикасноста на антикризниот пакет од 26 мерки на Владата предводена од СДСМ, со кој во најголемата светска економска и енергетска криза, цените на горивата кај нас се намалуваат.
СДСМ како одговорна партија во време на криза продолжува со реализација на мерки и политики што го заштитуваат стандардот на граѓаните и обезбедуваат одржување на економската стабилност.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Последни седум дена од изборната кампања, партиите со ветувања за подобар живот на граѓаните
-
Израелската влада го одобри договорот со Хамас
-
Седумгодишно дете загина во руски напади во областа Запорожје
-
Без вода дел од корисниците на булеварите „Илинден“ и „ВМРО“
-
Дуел со Белгија за првото место во групата
-
САД преместуваат 200 војници во Израел за да го чуваат мирот
-
Уште денеска пријавување на немоќни и болни лица за гласање на локалните избори
-
Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени го погоди јужниот дел на Филипините