СДСМ: Намалени цени на лебот, мерките на Владата даваат резултат
Владата предводена од СДСМ и претседателот Димитар Ковачевски во време на најголемата светска енергетска и економска криза, носи навремени и ефикасни мерки, за справување со последиците од кризата.
Помошта кон домашните компании ги даваат и првите конкретни резултати.
Веќе може да се забележи намалување на цените на лебот, кои повторно се враќаат на околу 30 денари.
Овие цени дополнително ќе се намалуваат и со последната мерка за обезбедување на струја по пониска, фискна цена за комапниите коишто произведуваат основни прехранбени производи.
Со оваа мерка се опфатени околу 200 компании од прехранбениот сектор, училиштата и јавните водоводни претпријатија и пречистителни станици, за кои до крајот на април Владата обезбедува пониска, фиксна цена на електричната енергија.
Поевтината струја ќе овозможи стабилизирање на пазарот, и намалување на цените на основните прехранбени производи за најмалку 10 отсто.
Истовремено продолжува субвенционирање на 80 отсто од сметките за струја за над 600.000 домаќинства и 72.000 мали компании.
Со СДСМ, како одговорна партија, која се грижи за граѓаните и компаниите, во кризата никој нема да биде оставен сам.
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
МОН денеска ќе ги префрли 120-те милиони денари на ЈСП за бесплатен превоз на студентите
-
Ќе растат платите во Здравството
-
Пуштена во употреба спортската сала во Радовиш
-
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал
-
Преглед на вестите од светот
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче
-
Охрид најавува година на капитални инвестиции