СДСМ: Наќе Чулев ги игнорира бројните прекршувања на забраната за движење
Наќе Чулев ги игнорира бројните прекршувања на забраната за движење, тој е директна опаснот по јавното здравје
Целата јавност преку медиумите можеше да види како низ многу општини воопшто не се почитува забраната за движење а полицијата тоа го игнорира и воопшто не постапува.
Сарај, Чаир, Даме Груев, Тетово се само дел од општините и населбите каде масовно се прекршува полицискиот час додека полицијата на Чулев не презема ништо.
Ваквото непостапување и игноратски однос на Чулев е доказ за целото негово лицемерие и е опасност по јавното здравје.
Уште еднаш се докажа дека Чулев е најнеспособниот министер за внатрешни работи. Нему му е поважно да ги брани прекршувањата сторени од неговиот шеф Христијан Мицкоски отколку да воспостави ред во почитувањето на мерките и задолженијата.
Таквиот несериозен и незрел однос е закана по здравјето и сигурноста и најмлаку што може тој да стори е да поднесе оставка веднаш.
Ново на Сител
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години
-
ЗНАМ: Наскоро имиња за Центар и Куманово
-
Преглед на вестите од светот