СДСМ: Најлош извештај во последните 10 години

Со робусно „извештајче“ Европа прати јасен сигнал дека владата е неспособна и антиевропска, велат СДСМ во своето писмено соопштение.
„Ова е најлошиот извештај за Македонија во последните десет години. Македонија нема напредок во ниту една област, реформите се блокирани, а владата нема волја, ниту капацитет да ја сработи работата што е во интерес на граѓаните и на државата. Драстично е назадувањето во владеењето на правото и правдата, со оценка „единица“ во поглавјето 24, најлоша досега. Судството е под политички притисоци, реформите се во застој, антикорупциските механизми не функционираат, јавната администрација е нефункционална, а 60% од законите се носат набрзина, без дебата и без транспарентност“ – се вели во соопштението кое утрово го испратија СДСМ.
Ново на Сител
-

СДСМ со интерпелација за Славески
-

Јотова победи на претседателските избори во Бугарија
-

Македонија и Грција со заеднички проект ја зајакнуваат итната медицинска помош
-

Сертификат за вештини стекнати без формално образование
-

Охрид ја проширува културната понуда
-

Преглед на вестите од светот
-

Тесна битка за градоначалник на Брвеница
-

Славески: НБМ го презеде управувањето со Алта банка АД Битола
