-->
-->
СДСМ: Мицкоски продолжува само со борбата за спас на криминалците во редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-->

Со изјавата дека немал намера ништо да пријавува во институциите, Мицкоски призна дека тој ќе продолжи и во иднина да се бори само за спас на криминалците во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Јасно е дека за Мицкоски е несфатливо дека денес пред законите одговараат сите подеднакво па се отвораат и случаи и против високи полициски службеници, Мицкоски, кој со години беше дел од режимската матрица не може тоа да го разбере, затоа што во време на режимот такви акции беа незамисливи.
Изнесувајќи лаги за наводни изборни нерегуларности Мицкоски неуспешно се обиде на најде алиби за досегашните шест порази од граѓаните, но и да најави алиби за убедливиот пораз што го чека на локалните избори во октомври.
Тоа е Мицкоски, докажан бранител на криминалот, докажан губитник на избори, потврден извор на лажни вести.
Затоа нека не се чуди што со години е во опозиција, со ваквото неодговорно однесување уште долго таму и ќе остане.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски
-
Свечена академија по повод Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска-Давкова ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим
-
Прославен денот на сесловенските просветители во Прилеп
-
Бугарија засега не потврдува средба Сиљановска-Радев со високи претставници на ЕУ, НАТО и САД
-
Љупчо Димовски реизбран за претседател на СПМ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да ја преиспита улогата на Филипче