СДСМ: Мицкоски наместо да ја кодоши државата надвор да направи нешто добро, да ја поддржи одлуката за ЕУ
Пред нас е период во кој имаме шанса да им обезбедиме европска сегашност и иднина на нашите граѓани, тука во својата татковина.
Таа шанса сега треба да ја искористиме, да донесеме одлука за ЕУ, затоа што тоа е одлука за доброто на државата.
Сега на потег се Христијан Мицкоски и ДПМНЕ - наместо да ја кодошат својата земја во Брисел за прв пат да направат државнички потег, да поддржат макар една стратешка одлука, а тоа е членство во ЕУ.
ДПМНЕ немаат поддржано ниту една стратешка одлука за земјата, ниту членството во НАТО, ниту, почетокот на преговорите со ЕУ, од опозициската ДПМНЕ, а кога беше гласањето за Договорот ФРОНТЕКС воопшто не беа ниту во Собранието.
Сега, Мицкоски и ДПМНЕ имаат единствена шанса да се престројат на страната на државните и национални интереси и истата треба да ја искористат, за заеднички да оствариме стратешка определба - полноправно членство во ЕУ.
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Закон наместо балансер
-
Почна дијалогот со Бугарија за изградба на пругата – Македонија не отстапува од заеднички проект со пониска цена
-
ЛДП на Зајкова се доближува до позициите на Мицкоски: Уставни измени со одложено дејство
-
Новинарски прирачник за обвинителите
-
По Струмица и Василево водата за пиење забранета и во 4 села во општина Босилово
-
Мемов: Пари за пензии ќе има, ќе предложиме низа мерки за намалување на дупката во Фондот
-
Државата ќе исплаќа надоместок за жртви од насилство
-
Преглед на вести од светот