Мемов: Пари за пензии ќе има, ќе предложиме низа мерки за намалување на дупката во Фондот
Пари за исплата на пензии ќе има, а новото раководство на ПИОМ ќе и предложи на Владата низа мерки за намалување на дупката во Фондот, кажа на брифинг со новинарите директорот Никола Мемов.
За линеарното зголемување од 2.500 денари, пензионерите добија 11% плус на своите сметки, вели Мемов, а доколку се одеше со процентуалниот модел, покачувањето би било само 4%.
Со ваквото золемување, до март Фондот треба да исплаќа дополнителни 14 милиони евра секој месец - пари кои ќе ги покрива државата.
„Целта на линеарното зголемување што го направивме во септември беше да обезбедиме подобар животен стандард за пензионерите, но и да ги намалиме разликите меѓу највисоките и најниските пензии во државата“ – Никола Мемов, директор на ФПИОМ
Директорот на Фондот соопшти дека нивната каса догодина ќе тежи околу 2,2 милијарди евра, а дефицитот ќе изнесува околу 27 отсто.
„Овој дефицит не е од недомаќинско работење, туку е резултат на економските политики на сите досегашни влади насочени кон економски раст и отворање на нови работни места“ – Никола Мемов, директор на ФПИОМ
Следното линеарно зголемување од 2.500 пензионерите ќе го добијат во март догодина.
Во Македонија има околу 340 илјади пензионери, а секоја година околу 3 илјади граѓани заминуваат во пензија.
-
Мартин Арсов
Сите содржини од овој новинар