СДСМ: Мицкоски кукавички подметнува јавни документи во обид да конструира измислени случаи

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не можат да се помират со тоа што во државата тече процес на масовна имунизација против коронавирусот, па затоа сега рециклира стари лаги и измислува непостоечки скандали.
Додека е во тек масовна вакцинација против коронавирусот, Мицкоски докажан извор на лажни вести потврден и со меѓународни студии, наместо јавно да излезе пред граѓаните, кукавички подметнува јавни документи во обид да конструира измислени случаи.
Токму ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски во со лажни документи и лажни цени тврдеше дека биле уплатени 12,5 милиони евра за набавка на кинески вакцини, а денеска тврди дека биле уплатени 7,8 милиони евра.
Очигледно е дека во белиот дворец се изгубени во сопствените лаги и веќе не памтат што и околу што имаат излажано.
Од почетокот на пандемијата па до денеска ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се на страната на вирусот наместо на страната на јавното здравје и здравствениот систем.
Прво ги кршеа мерките за заштита од коронавирусот, па ширеа лажни вести за недостиг на заштитна опрема и тестови, па кочеа заем за опремување на модуларни ковид болници, па потоа со лажни документи се обидуваа да го поткопаат процесот за набавка на вакцини, па откако сето тоа не им успеа денеска продолжуваат со лажни вести и конструкции да го попречат процесот на вакцинирање на населението.
Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се таму каде што се – во опозиција каде уште долго ќе останат.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-

Истражување: Честото пиење алкохол носи поголеми опасности од мозочните удари
-

Бројот на жртви од Домот за стари лица во Тузла се искачи на 13, истрагата откри сериозни пропусти
-

Царинска управа: Запленето злато, 37.500 евра, „Ејпл“ уреди, тутунски производи и парфеми | ФОТО
-

Претрес во Гевгелија, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице
-

Тракторист загина во несреќа во кавадаречко
-

Спасовски: Резултатот на СДСМ е дно
-

Трамп и Орбан ќе се сретнат во Белата куќа, руската нафта и билатералната соработка меѓу темите
-

Ја намамил жртвата во својот автомобил, ја однел на локација, па со друго лице му пукале во глава - расветлено убиството во Чашка
