Владина реконструкција по партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ – Нема место плус за ВРЕДИ
Владината реконструкција ќе почека до декември, но ВРЕДИ нема да добие министер плус по оставката на Меџити, потврди премиерот. По партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе се интензивираат разговорите за кадровски измени, но дотогаш ќе ги чека предлозите за испразните места.
За Беким Сали, кого „Вреди“ веќе потврди дека е името за вицепремиерското место наместо Изет Меџити, Мицкоски вели имал високо мислење. Дали ќе има смени во повеќе ресори и дали е незадоволен од работата на некој министер засега не открива.
По информациите во јавноста дека едно од имињата кое ќе биде дел од реконструкцијата е и министерката за образование, Јаневска вели дека одлуките ги носи премиерот, а таа ќе почитува каква и да е.
Мицкоски не сакаше да ги коментира ниту шпекулациите дека од правда заминува и министерот од ЗНАМ Филков. Партискиот лидер на движењето ЗНАМ, Димитриевски, за Сител негираше дека има разговори за менување на министрите од нивните редови. Вели легитимно е премиерот да дава предлози за реконструкција, но досега преговори немало.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
