СДСМ: Имаме поголемо мнозинство за реформи, економски политики и интеграција во ЕУ
Можеме да објавиме дека чекорот за поголемо парламенатарно мнозинство за реформи, економски политики и интеграција во ЕУ и официјално влезе во собраниска процедура.
Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски го достави до Собранието предлогот за реконструкција на Владата со кадровските решенија.
Со вклучување на Алијанса како нов коалициски партнер во Владата се обезбедуваат сите услови за политичка стабилност и зголемена ефикасност на Собранието и институциите.
Стабилност и ефикасност ќе допринесе да продолжиме со реформите во економијата, во судството и во однос на интеграцијата на земјата во ЕУ.
Тоа е добро и за инвеститорите и за економијата.
Исклучително важно во време кога се уште трае енергетската и економска криза, да нема закони заглавени во Собранието, да се спречат блокадите на ВМРО-ДПМНЕ. Но и да се отвори пат за нови закони за унапредување на животот на сите граѓани.
Нашите деца, нашите граѓани, немаат време за губење. Зголеменото владино мнозинство ќе се погрижи никој да не остане сам оваа зима и заздравувањето на економијата да започне веќе оваа година.
Зголеменото мнозинство овозможува да продолжиме да напредуваме со енергетската транзиција, со економските иницијативи како Отворен Балкан и регионалната соработка.
Дополнително, се создаваат услови за унапредување на владеењето на правото и борбата против корупцијата.
Поголема поддршка добива планот за стратешкото партнерство со САД и унапредување на добрососедските односи. Кадровското освежување ќе внесе нова енергија во реализација на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ.
Упатуваме порака до Алтернатива дека вратата за соработка е отворена и понатаму.
Овие времиња се важни за европската иднина и за економските реформи и ги повикуваме да се издигнат над тесно-партиските интереси и да размислат уште еднаш.
Иако Алтернатива не одговори на понудата за продолжување на соработката, партијата е добредојдена со свој придонес во европската коалиција.
Во време кога имаме политички партии како Левица и ВМРО-ДПМНЕ кои активно работат против членството во ЕУ, важно е заеднички да работиме за остварување на стратешките цели.
СДСМ не ги дели партиите, отворени сме за идна соработка и до други пратеници од други политички партии кои сакаат да ги поддржат реформите, економските политики и агендата на ЕУ за подобра иднина на земјата.
СДСМ
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Тирана ќе биде домаќин на првиот инвестициски форум ЕУ-Западен Балкан
-
Четворица мртви откако маж ја застрела својата партнерка и децата во северозападна Германија
-
Русија се повлекува од Европската конвенција против тортура
-
Шекеринска: БиХ се соочува со сериозни безбедносни предизвици
-
Русија годинава очекува благ пад на извозот на нафта
-
Трамп ќе воведе 100-процентна царина за сите филмови направени надвор од САД
-
Опен АИ воведе безбедносни мерки за тинејџери кои ја користат алатката ChatGPT
-
Меџити: Времето е за работа, ред и развој, време е за Чаир