СДСМ: Државата ќе ги исплати долговите кон лозарите, над 1,5 милиони евра ќе завршат директно кај граѓаните
Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа кон земјоделците, изнајдено е решение, државата ќе ги исплати долговите на приватните винарници кон лозарите кои со години не можеа да го наплатат предаденото грозје.
Преку измените на Законот за земјоделство и рурален развој, кои треба да влезат во собраниска процедура, ќе се постави правен основ државата да ги преземе неподмирените обврски на винарниците кон лозарите.
Со ова решение, над 1.5 милиони евра ќе завршат директно кај лозарите и нивните семејства.
Понатаму, средствата државата ќе ги побарува од винариите кои што должат.
Низ одговорен и инклузивен пристап, Владата предводена од СДСМ продолжува да ги решава наследените проблеми од претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Истовремено, Владата останува посветена на спроведување на мерки што го унапредуваат земјоделството, обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за земјоделците, стои во соопштението испратено од СДСМ.
Ново на Сител
-
Без вода дел од Аеродром
-
Пратеници денеска во посета на Агенцијата за разузнавање во врска со прислушувањето
-
Скапите станови го менуваат пазарот за закупи
-
Трамп им се обрати на Американците: Ова е мрачен момент за сите нас
-
Локални избори 2025: Последен ден за увид во Избирачкиот список
-
Пукање во средно училиште во САД, двајца ученици повредени, вооружениот напаѓач мртов
-
Мало дете почина, шест други се повредени откако автомобил се урна во градинка во Канада
-
Без струја корисници во село Бањани