СДСМ демантира вест на Пресс 24

Интегрален демант од СДСМ
Провладиниот портал Прес 24 објави лажна вест со фалсификат во којшто е злоупотребен партиски меморандум на СДСМ.
Еве ова е таа вест: http://press24.mk/foto-po-1000-denari-plus-taksi-za-protestot-na-srednoshkolcite
Добро е граѓаните самите да се уверат на што се е подготвен очајниот Груевски со неговите соработници, бидејки фалсификатот е видлив од авион.
Освен различната боја на делот од листот каде е конструираната содржина, Груевски и неговите соработници направиле уште една грешка.
Во ОО на СДСМ Аеродром не постои ОО на СДММ. Општинските тела на младите во СДСМ се ЛК (локални клубови).
Ги демантираме сите наводи изнесени во лажната вест. Таков документ од ОО на СДСМ Аеродром не е пратен.
Прес 24 и сите други соработници на Груевски што ја објавиле или ќе ја објават лажната вест, имаат обврска го објават овој Демант.
Порачуваме дека со фалсификатот е направена класична злоупотреба на партиски меморандум за што се одговара.
Ново на Сител
-

За еден месец “Клексан” во аптека со рецепт
-

Македонија одбележа 25 години од резолуцијата 1325 на ОН - „Жени, мир и безбедност“
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Гласајте по сопствено убедување
-

Серија проекти и мерки по изборите
-

Сиљановска: Жените да бидат вклучени во процесот на одлучување
-

Заплениети 130 килограми марихуана на Табановце
-

Неопходна е стратегија за спас на Преспанското езеро
