СДСМ: Цената за продаденото земјиште е формирана од ВМРО-ДПМНЕ
Пред да излезат на прес-конференции и неосновано да обвинуваат, во ВМРО-ДПМНЕ треба прво да се запознаат со темата за која зборуваат.
Државното земјиште кое е продадено спроти зградата на „Нова Македонија“ е продадено по цена која е формирана токму за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, со потпис на Никола Груевски.
Ова се последиците на нивното долгогодишно узурпирање на Центар.
За тоа постојат и документи кои потврдуваат дека преку „Уредба за висината на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надоместот за приватизација на градежно земјиште“ е одредена цена за приватизација на градежно земјиште согласно намената на објектот што на него ќе се гради.
Според таа Уредба со потпис на Груевски, објавена во Службен весник во 2011 година, цената за метар квадратен земјиште во Општина Центар, во централно подрачје, за изградба на комерцијални деловни објекти изнесува 438 денари.
По таа иста цена е продадено и земјиштето што го посочува ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ како одговорна политичка партија ќе преземе чекори за промена на сите закони и уредби од времето на ВМРО-ДПМНЕ кои се уште предизивкувата штета, вклучително и споменатата.
СДСМ – реакција на прес-конференцијата на Синиша Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци, Могила и Битола
-
Предизборен карван на СДСМ во Дебарца, Вевчани, Струга и Охрид
-
Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Одобрено обвинението за пожарот во Пулс
-
Сопствениците на диви депонии во Вардариште седнаа на обвинителна клупа
-
Ветувања од власта: Поширок булевар во Чаир, чист Центар, стипендии за повредените во Кочани
-
Шукова ќе го воведе БРТ системот за поефикасен градски јавен превоз